Украински војници биле обучувани во Албанија, потврдил украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров, во гостувајќи во емисијата „Оваа недела“ на Њуз24.
Амбасадорот не дал многу детали, но изјавил дека оваа информација е многу точна, нагласувајќи дека во Украина тоа високо се цени.
На оваа тема, додал тој, се разговарало и при посетата на претседателот Зеленски на Албанија, пренесува Плусинфо
Според него, на овој начин, Албанија го „покажала своето партнерство и поддршка кон Украина и кон луѓето кои се спротивставуваат на руската агресија“ и оти во овој период Албанија е „коавтор на повеќето резолуции поврзани со Украина“.
Амбасадо зборувал и за можноста за признавање на независноста на Косово од страна на неговата земја.
„Киев ја признава помошта што Косово и ја дава на Украина. Ништо не е невозможно, а признавањето на независноста на Косово е прашање на време“, екол тој.
Сепак, амбасадорот изјавил дека признавањето на Косово има политички карактер и дека „треба да се пресметаат и некои елементи кои можеби не се гледаат на секојдневната линија“.






