Конгрес на СДСМ – официјализирање на поддршката на Пендаровски за втор мандат

На конгрес денеска во 18 часот, СДСМ ќе ја официјализира поддршката за втор мандат на актуелниот претседател, Стево Пендаровски.



Пендаровски во петокот објави дека ќе се кандидидира за втор мандат.

Актуелниот претседател изрази очекување дека СДСМ ќе ја формализира поддршката за неговата кандидатура на конгресот, по што од понеделник ќе почне со разговори и со десетте партии од таа коалиција, кои најавиле дека ќе го поддржат во трката за претседател.

Тој ги повика граѓаните од денеска со собирање на потписи да ја поддржат неговата кандидатура

Пендаровски, за одлуката дека ќе влезе во трката за претседател, рече дека зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка, без корупциска афера и случај на непотизам поврзан со него, неговото семејство, роднините и соработниците.

Додаде, дека покажал оти може да биде независен од кои било центри на политичка моќ, вклучително и оние што го поддржале на избори.

„Никој не ме контролира или не ги диригира моите одлуки“, рече Пендаровски.