Трамп „гази“ кон сигурен републикански кандидат за претседател

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи и на републиканските избори во државата Ајдахо во саботата, објави Асошиетед прес.



Трамп со 84% наспроти 13 отсто ја победи неговата противкандидатка, поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.

Трамп, кој исто така победи на внатрепартискјите избори во Мичиген и Мисури за време на викендот, е јасен фаворит пред националните избори во таканаречениот „Супер вторник“.

На 5 март истовремено за претседателски кандидат од редовите на републикансите ќесе гласа во Алабама, Алјаска, Арканзас, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Минесота, Северна Каролина, Оклахома, Тенеси, Тексас, Јута, Вермонт и Вирџинија.

Но, во некои држави – Илиноис, Колорадо и Мејн – беа поднесени барања да се спречи Трамп да учествува на изборите, што тој ги обжалува.