“Имаме незавршена работа, започната од последните локални избори. Комплетна промена, и двојна победа на претседателските и парламентарните избори. Да победи надежта, правдата” – порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната конвенција со која се потврди кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија.
Според Мицкоски, на 8 мај ќе се случи триумф и народот ќе си ја врати Македонија.
” Комплетната промена и поразот над неспособноста, победа на обесправените, на илјадниците кои сега ја губат надежта, и им велам доаѓа време на промени” – порача Мицкоски.
“Македонија која оди напред и не запира. Македонија со средено образование, Македонија без хаос во здравството… Македонија без скандали и афери… со ред и поредок. И мора оваа победа да е јасна и убедлива и со 61 пратеник. Ова е моето настојување и ова мора да биде нашата заедничка мисија. И ќе кажам три причини за тоа.
61 пратеник за економски реформи кои се насушни и кои ќе дадат резултати веднаш.
61 пратеник за непоколебливо остварување на правдата и одговорност за сите оние кои правеле криминал.
И 61 пратеник за сигурно управување на институциите. Без уцени, без диктати.
Не чека многу работа”- призна Мицкоски.





