Девет години земал пензија за починатата мајка!?

 

Одделот за борба против организиран и криминал поднесе кривична пријава против Н.Љ.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.



„Шеесетгодишниот скопјанец не прикажал дека неговата мајка која земала инвалидска пензија починала на 22.01.2013 година, по што продолжил да ги користи пензиите во периодот од 01.02.2013 до 06.03.2022 година “, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На овој начин 60-годишникот нанел штета на буџетот од 2.410.328 денари. Telegrafi