Синдикатите на петте државни универзитети во земјава, кои не беа опфатени со владината одлука за покачување на платите, најавија штрајк за в понеделник, 4 март.
За 22% зголоемени платите на вработените од УКИМ
Ова го соопшти професорот на тетовскиот универзитет Башким Зибери во интервју за Алсат. Тој ги повика и колегите од Универзитетот во Тетово (УТ) да се приклучат на овој протест.
Вработените на Тетовскиот, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“ во Штип, „Св .Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот за информатички науки и технологија во Охрид, се револтирани и велат дека се дискриминирани што не добиле зголемување на плата врз основа на Колективниот договор, кој за нив не бил потпишан од страна на екс претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Џафери го потпишал колективниот договор само со Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св .Кирил и Методиј“, со што се овозможи зголемување на платата за 22%.
„Имаме известувања од колеги од други универзитети, ние во УТ се уште не сме го добиле известувањето за организиран протест на наставниците и административниот персонал за понеделник во 13 часот“ вели Зибери.
„И ова ја покажува неподготвеноста на актуелната Влада и актуелниот претседател на Собранието да го решат овој ќорсокак што го создадоа.
Ќе биде голема грешка ако не реагираме против дискриминацијата што и понатаму ни се прави“, вели професорот Башким Зибери за Алсат.






