Републиканските конгресмени го критикуваа американскиот секретар за одбрана Лојд Остин по неговото сослушување во четвртокот бидејќи не го известил претседателот Џо Бајден дека има рак на простата, дека ќе се оперира и дека поради хоспитализаци ќе биде отсутен.



Остин, со поддршка на демократите во Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом, се обиде да ги отфрли обвинувањата дека тоат ја загрозило националната безбедност.

Но, републиканците кои се обидуваат да го поразат Бајден прашуваат како американскиот претседател може да помине неколку дена без да знае дека Остин е хоспитализиран.

„Ова сугерира дека од секретарот за одбрана Остин не се барал ниту совет во Белата куќа, и тоа додека воените операции продолжуваат на Блискиот Исток.

Остин не му кажал на Бајден, ниту на неговиот врвен тим за неговата дијагноза на рак или првична операција на рак на простата во декември. Тој, исто така, не известил ни кога бил хоспитализиран на 1 јануари поради компликации по операцијата.

Соработниците на Остин, кои беа со него во болницата, решија самите да му ги пренесат неговите ингеренции на неговиот заменик кога Остин бил преместен на 2 јануари на одделот за интензивна нега…