Франција размислува да дозволи специјалните сили и другите воени единици да ја преминат границата со Украина со цел да се постави „стратешка дилема“ за Руската Федерација, пишува весникот „Монд“, цитирајќи извори во написот „Западните сојузници на Украина веќе имаат воено присуство во земјата.”
„Сите сојузнички држави се присутни во Украина. Не зборуваме за борбени единици, туку, на пример, има претставници на секоја разузнавачка служба“, изјавил за весникот украински дипломатски извор, кој сакал да остане анонимен.
Официјално, Париз негира присуство на своја војска во Украина. Можната дозвола за преминување на украинската граница, според „Монд“, се смета за средство за создавање „стратешка дилема“ за Русија.
Според публикацијата, француското воено присуство може да „заштити некои територии на Украина“ и да ги ограничи нападите од Русија.
Официјално, францускиот министер за надворешни работи Сежурне изјави дека земјата нема да испраќа воен персонал во Украина и оти „Французите нема да гинат за Украина“.






