Таравари: Да се промени Уставот – Гаши: Победата на ЕСП ќе гарантира подобрување на статусот на Албанците во Р*М

„Ни треба голема национална плебисцитарна победа со 120 илјади  гласови на коалицијата Европски сојуз за промени на изборите (ЕСП), која ќе го гарантира подобрувањето на статусот на Албанците во Македонија. Таа национална победа ќе го гарантира и бескомпромисното интегрирање на земјата во Европската унија.“ – кажа лидерот на Алтернатива Африм Гаши на синоќешната претставувачка конвенција на албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени, одржана во Гостивар. На таа конвенција беше претставен претседателскиот кандидат Арбен Таравари. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.



Како што информираше телевизијата на албански јазик „Шења“, на оваа конвенција во Гостивар лидерот на Беса кажал дека „претседателските избори ќе бидат историски и политички референдум за Албанците од * Македонија“.

Во својата информација „Шења“ пишува: Претседателскиот кандидат Арбен Таравари побара за претседателот на државата да се гласа во Собранието. Тој го повтори барањето да се спроведат уставните измени, а во рамки на тоа да се отстрани и квалификацијата „20-процентни“ за Албанците од Уставот. „Јас ќе бидам поинаков, ќе бидам претседател на сите. Ќе ги донесеме промените со народот напред.“ – нагласи Таравари во своето истапување на конвенцијата во Гостивар синоќа.