Пендаровски тврди дека има кредибилитет, човекот што јавно лажеше за Францускиот предлог вели дека бил транспарентен

Пендровски тврди дека има кредибилитет кај граѓаните.



Во одговор на ВМРО-ДПМНЕ претседателот кој јавно лажеше за тоа кој го изработил Францускиот предлог вели дека бил транспарентен.

,,ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да ме дискредитира мене и мојот кредибилитет.

Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој сум јас, постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните.

Доколу се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачувам да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политиканство”, реагира Пендаровски.

Предходно ВМРО-ДПМНЕ порача дека Пендаровски пак се кандидира за претседател затоа што СДСМ нема друг кандидат што е подготвен за пораз.

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал, оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Од партијата најавуваат дека во наредниот период ќе направат реминисценција на случаи во кои Пендаровски го погазил својот збор и личен интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија.

„Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира. Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДСМ никој не се нафаќа да ги изгуби изборите. Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата. За тоа ќе биде казнет на следните избори“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.