Македонија, според штотуку објавениот годишен извештај „Слободата во светот“ на Фридом Хаус, останува во категоријата делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија.



Најголем пад за последниве десет години од државите во регионот имаат Србија која бележи пад за 21 поен, како и Босна и Херцеговина со намалување на 10 поени, пренесува Гласот на Америка.

Глобалната слобода продолжи да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред, соопшти „Фридом хаус“.

Според „Фридом хаус“, изборни манипулации, војни и напади врз плурализмот се клучни двигатели на глобалниот пад.

Речиси 38 отсто од луѓето во светот сега живеат во земји оценети како неслободни, 42 отсто живеат во делумно слободни земји и само 20 отсто живеат во слободни земји.