„Народот ќе ве збрише на 8 мај“: Андовска до „клетите СДС и ДУИ“ за гласањето против продолжувањето на важноста на пасошите

Деканката на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) од Скопје, Дарија Андовска, не штедеше сочни изрази со кои ги почести „дебилно сервилните“ СДСМ и ДУИ за гласањето против предлогот од опозицијата за продолжување на важноста на македонските пасоши со „Република Македонија“ до крајот на годината.



„Не можете, о вие клети СДС и ДУИ, да ставате меѓународен договор ПРЕД УНИВЕРЗАЛНОТО и основно човеково право на слобода на движење.

Со гласањето против продолжување на важноста на пасошите си покажавте колку дебилно сте сервилни (да не зборувам за неспособни, епски сте неспособни).

Власта треба да работи ЗА граѓаните, а не ПРОТИВ нивните интереси.

Сами си пукавте во нога. Народот ќе ве збрише на 8 мај“, им порача професорката преку Фејсбук на (не)народните избраници од двете владејачки партии.