Во личен напад врз премиерот Алексис Ципрас во врска со постапувањето со случајот Новартис, главниот опозициски водач на Неа демократија, Киријакос Мицотакис, го обвини Ципрас и неговите соработници дека ја водат Грција во „многу опасни патишта“ и предупреди дека ќе бидат одговорни пред грчкиот народ.
“Како што покажа историјата на оваа земја, демократските институции се многу помоќни од оние што сакаат да ги поткопаат. Владеењето на правото секогаш преовладува над длабоката држава и јас сум апсолутно сигурен дека ова ќе се случи уште еднаш“, рече тој.
Според Мицотакис, владата се обидува да го одвлече вниманието на јавноста „од четвртиот меморандум и од новите мерки што веќе ги потпиша“, од секојдневниот живот на граѓаните што секојдневно се влошува“ и од своите отстапки за надворешно-политичките прашања особено од начинот на кој се справува со скопското прашање., со кое мнозинството Грци не се согласуваат.
„Владата се обидува да се спаси”, правејќи го единственото нешто што добро го прави, имено клеветејќи ги своите политички противници и делејќи ги граѓаните”, рече тој.
Барајќи целосно расветлување на случајот „Новартис“ лидерот на НД рече дека нема да прифати целата партија да биде наклеветена.
Според Мицотакис, ова докажа дека Ципрас е опасен, не само за економијата и надворешната политика, туку и за демократијата и независноста на институциите.




