Идејата претседателот на државата да се избира во Собранието е бесмислено вели професорот Љубомир Цуцуловски, кој укажува дека поради Бадентер, конечниот избор на претседател ќе го имаат претставници на етничките малцинства.



Па макар тој бил и еден, кога другите ќе бидат (оправдано) отсутни вели Цуцуловски!

Професорот во објава на Фејсбук укажува на проблемите што би се појавиле со избор на шеф на државата во парламентот:

(1) повторно враќање на таканаречената позитивна дискриминација, која не е ништо друго освен најобична глупост, односно contradictio in adjecto (или, што е исто, nonsense) бидејќи акo нешто e дискриминација не може да биде позитивно, ако е позитивно не може да биде дискриминација;

(2) со оваа идеја наместо непосредна, се воведува посредна демократијa – на изборите се избираат бирачите, т.е. оние кои ќе го избираат претседателот;

(3) принципот на Бадентер, во основа, е право на вето, бидејќи (помеѓу другото) не е доволно да гласаат две третини од пратениците, туку треба да има и мнозинство од етничките малцинства.

Во таа смисла, доволно е при изборот на претседателот да присуствува само еден нивен пратеник (другите се „оправдано“ отсутни), да не гласа за предложениот кандидат и сѐ паѓа во вода.

Значи, двете третини на другите не се ништо во однос на тој еден глас. Тој е над нив! -вели Цуцуловски.