Пратениците денеска да гласаат „против“ штетниот Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.



За овао длучно „Не“ кажа претседателот на државата, Стево Пендаровски и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

„Како Асоцијација на спортски обложувалници (АСОМ), која се грижи за 10 илјади директно вработени и одржување на уште 54 илјади други работни места, ги повикуваме пратениците да не даваат поддршка на овој закон и да одговорат на нашите долгогодишни повици за започнување на транспарентна и инклузивна дебата преку која заеднички ќе дојдеме до вистинско европско законско решение за уредување на оваа област притоа не загрозувајќи ја иднината на нашите десетици илјади вработени, играчите и на малолетниците.

За АСОМ останува нејасна упорноста со која се турка носењето на овој закон, за кој и Делегацијата на ЕУ во Скопје забележа дека се носи со злоупотреба на европското знаменце, бидејќи конкретниот закон не е поврзан со усогласување со правото на ЕУ.

Неодговорно е под заштита на ЕУ знамето да се тврди дека ограничувањето на просторот, на кој можат да работат приредувачите на игрите на среќа, е со цел да се заштитат младите од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.

Преку оддалечувањето на нашите деловни простории на повеќе од 500 метри од основните и од средните училишта власта го олеснува патот за пристап на младината до нерегулираниот простор на игрите на среќа на црно, и ги штити приватните интереси на поединци“, се наведува во соопштението од АСОМ.