Барањата за азил во Европската унија скокнаа за 18 отсто на 1,14 милиони во 2023 година, што е највисоко ниво од мигрантската криза 2015-2016 година, покажуваат последните податоци на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA).
Новите податоци најверојатно дополнително ќе ја поттикнат веќе вжештена дебата за миграцијата како и зголемување екстремно десничарските чувства пред серијата локални и национални избори на Стариот континент, како и изборите за Европскиот парламент во јуни,оценува Ројтерс.
Најголем број баратели на азил пристигнале од Сирија и Авганистан.
Турските граѓани ја сочинуваат третата по големина група на апликанти – тие поднеле 82% повеќе апликации во споредба со претходната година.
Бројот на Палестинци кои аплицирале за азил се искачи на рекордно високо ниво од речиси 11.600 од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Агенцијата забележува дека е тешко да се утврди нивниот точен број бидејќи повеќето земји-членки на ЕУ не ја признаваат Палестина како држава.






