„Како вчера да беше 2016 година, кога на огромни билборди низ цела Македонија ветуваа нејзин влез во Европската Унија. Но, поради прекинот на важноста на пасошите власта нѐ зароби во ова парче земја и наместо влез во ЕУ, испадна нема ниту излез од Македонија. Се премислија дека не ветуваат влез во ЕУ на Македонија, туку почнаа да ветуваат влез во ЕУ на северната. Ниту првата, ниту втората не влегоа во ЕУ. Кој би сакал во ЕУ со такви крадци од оваа власт да седи на маса и да ги прими?“ – вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски во својата колумна со наслов „СДСМ – најсигурен пасош за пропаст“, која ја објави информативниот портал „Плус инфо“.
Покрај другото, Арсовски натаму пишува: Не е така далеку 2016 година, сѐ се памети. Реално, за овие 7-8 години кои поминаа, државата и граѓаните ги чинат 70-80 години, бидејќи толку нѐ вратија назад. Сѐ што стекнаа илинденците и асномците пред 70-80 години, овие за 7-8 години прокоцкаа за кило бифтек, службено возило и службени картици за трошење од народни пари. Богами некои и за тендери, ама ај тие ќе одговараат, кога ќе дојде време. Некои нивни дедовци во гроб се превртуваат од штетата, што ја направија. Ете, тоа е власта на СДСМ.
Блиску е 8 мај. Вам од власта ќе ви останат спомени од јадењето на државна сметка, возењето во службени коли, лежењето и спиењето во функционерските фотељи, а на народот ќе му остане горчина и бес спрема вас, што ги прелажавте, ги вративте 70-80 години назад и ја ограбивте целата држава. Тоа што не е ваше ќе му го вратите на народот. Нема да ви простиме: ќе одговарате за тоа што сте краделе. Тоа го бара народот и така ќе биде.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја има најтешката задача после СДСМ да ја крене повторно Македонија. Да му ја врати надежта на народот, да ја изгради од темел повторно Македонија, затоа што СДСМ кога владее урива до темел, што и се гледа. Нам тоа ни е јасно како бел ден и секако имаме план и знаеме како. Тоа се виде и по работата на општините, тоа ќе се види на дело и после 8 мај.
Големиот Горан Стефановски рекол: „На слободата треба да се сетиш. Ние постојано ја забораваме и сè некој друг ни е виновен.“
Народот веќе се сетил на слободата колку е најважна, откако СДСМ нѐ притвори цел народ во еден ден со прекин на важноста на пасошите и нѐ зароби во ова парче земја. Од влез во ЕУ, испадна нема ниту излез од Македонија. Ете тоа е СДСМ – најсигурен пасош за пропаст. Блиску е 8 мај, ќе заврши целата агонија и пасошот за пропаст наречен СДСМ ќе отиде во неврат како годините, кои нѐ упропастија и нас и државата.





