Корупција, криминал, непотизам, сето тоа е веќе видено во Македонија, но СДСМ успеа да направи уникатен „подвиг“ во историјата, имено детерминирано одработи против сопствениот народ. Ова беше клучната констатација на новинарот Драган Милосављевиќ при денешното гостување во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер, каде домаќин му беше Ивица Боцевски.
-Ова што сега го живееме е тргагедија и споро изумирање на државата. Корупција, криминал и непотизам во невидени размери. Мазохистичко додворување кон меѓународната заедница. Но и еден нов квалитет, поточно неквалитет, нешто што никогаш претходно не се случило. Детерминираност во одлуката сам себе да се поништиш. Од позиција на власт, значи откако си добил шанса да водиш државата, ти да се плашиш да го користиш името на својот народ, на својата држава, на својот јазик. Тоа засекогаш ги обележа СДСМ како луѓе кои не ја сакаат својата нација – вели Милосављевиќ.
Во емисијата, меѓу другото, се анализираа шансите на претседателските кандидати, во прв ред на Стево Пендаровски како фаворит на СДСМ и на Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Милосављевиќ заклучи дека Пендаровски сега ја нема позади себе еуфоријата која владееше во 2019 година, еуфорија која се држеше на надежта дека Шарената револуција ќе направи позитиви промени во општеството, Сега, вели тој, приказната со Шарената револуција е завршена, а СДСМ е полумртва партија и Пендаровски ќе мора самиот, само со сопствените квалитети да се исправи наспроти Силјановска Давкова. А со оглед на надмоќта на професорката во секоја смисла, актуелниот претседател нема на кој знае што да се надева во тој судир.
Целата емисија можете да ја проследите на следниот линк:





