Техничкиот министер за внатрешни работи во интервју за МИА вели дека со воведување на дополнително работно време планот е да се стигне до максималната бројка од 3.300 изработени пасоши дневно за да се овозможи побрза замена на документите.



Тошковски проценува дека вкупниот број на лични документи што треба да се заменат е некаде околу два милиони и посочува дека очекува да достигне бројка од околу 75.000 месечно, што е максимален капацитет.

„Бројката што континуирано ја имале како бројка за производство во Министерството е околу 50.000 пасоши месечно. Бројката што сакаме да ја достигнеме, реална бројка, е некаде околу 75.000 пасоши месечно“, вели Тошковски.

Оние кои сега имаат термини за сликање за пасош во декември, ќе добијат телефонски повик за сликање до крајот на април, вели министерот.

„165.000 термини биле во систем од кои реално само 130.000. Го исчистивме списокот. Тоа сега ќе го имаме како процес кој што ќе го правиме на 20 дена. Што значи тоа.

Тоа значи дека овие 135.000 луѓе сите ќе бидат презакажани заклучно со крај на април. Ако претходно некој имал термин 15 декември сега ќе има термин крај на април“ – рече Тошковски.