Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени што завршува на крајот на овој месец, туку, како што предупреди министерот Крешник Бектеши, ќе чека да се одобри законот за забрана на нефер комерцијални практики.



Од денеска гарантирана и пониска цена на некои прехранбени артикли

Според него , тоа ќе ги доведе работите во ред, во нелојална конкуренција во трговијата и ќе доведе до пониски цени на прехранбените производи.

„Очекуваме во најкус можен рок да биде одобрено ова законско решение кое е целосно усогласено со европските регулативи и под европско знаме. Законски очекуваме намалување на цените на храната и земјоделските производи“, изјави Бектеши.

Законот за забрана на нефер комерцијални практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, како што рече, е одобрен од Владата и доставен до Собранието уште во декември 2023 година, на предлог на Министерството за економија.

Минатата година, на 20 септември, Министерството за економија ја одобри Одлуката за утврдување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и за обврската на трговците да купуваат и продаваат одредени видови и количини на поединечни стоки на потрошувачите, а таа одлука  важи до 29 февруари годинава.