„Неспорно е дека албанскиот чинител ќе продолжи да биде гаранција за Европска Македонија, за Евроатлантска Македонија, каков и да биде резултатот од изборите таму било меѓу македонските партии, или било меѓу албанските партии и коалиции.“ – тврди Илир Мета, поранешниот претседател на Албанија од јули 2017 до јули 2022 година и сегашен лидер на Партијата на слободата во Албанија. Овој став на Мета од неговото интервју за Македонската информативна агенција МИА го издвојува го издвојува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата информација со наслов „Албанците се гаранција за европската иднина на * Македонија“.
Во споменатото интервју Мета истакнува: Дали можната победа на ВМРО ДПМНЕ би повлијаела и би го сменила европскиот курс на * Македонија? Не верувам, бидејќи главните одлуки во * Македонија се веќе донесени, како што е Преспанскиот договор.
Се случија многу важни промени. ВМРО ДПМНЕ има многу јасен став во врска со Берлинскиот процес и околу исполнувањето на обврските што се однесува до интегрирањето во Европската унија. Нагласувам уште еднаш дека не гледам никаква загриженост за европската и евроатлантската иднина на * Македонија.
Изборите во * Македонија треба да бидат колку е можно подемократски. Треба колку е можно помалку да се влијае врз граѓаните, бидејќи тие ќе ги изберат своите лидери, кои ќе раководат со нив.





