Земјоделци,  во знак на протест, го блокираа денеска центарот на Брисел.



Тие бараат акција од ЕУ за прашања кои се однесуваат на евтините цени на производите во супермаркетите до договори за слободна трговија, пишува Ројтерс.

Околу 100 трактори утрово беа паркирани во близина на институциите на Европската унија. Патот кој води од квартот на ЕУ до центарот на Брисел беше блокиран од колони трактори.

Полицијата со полна опрема против немири патролира во близина на барикадите поставени на главните влезни точки до зградата на Европскиот совет, каде што се собраа министрите за земјоделство од 27-члената ЕУ.

Десетици трактори украсени со знамиња и транспаренти беа наредени и го блокираа градскиот сообраќај.

Некои се жалат на она што го гледаат како бавно умирање на обработувањето на земјата.

„Земјоделство. Како дете сонуваш за тоа, како возрасен умираш од тоа“, рече еден од демонстрантите.