Јавното обвинителство формирало предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, од кои едната е поднесена малку порано од граѓанин, а другите две се од пред некој ден, од политички партии, односно нивни претставници, открива државниот јавен обвинител , Љупчо Коцевски во интервју за „Слободен печат“.



„За нив се води единствена постапка. Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци“, вели Коцевски одговарајчи на прашање за евентуална одговорност за катастрофалната ситуација со издавањето на личните документи.

„Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека ЈО ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага. Заведен е предметот, доделен е на јавен обвинител и се преземаат одредени процесни дејствија“, вели државниот јавен обвинител.