Ниту еден од кандидатите за претседател на државата до синоќа до 20 часот ги немал собрано потребните 10 илјади потписи кои им се потребни на вонпарламентарните и партиите/коалициите кои имаат помалку од 30 пратеници во Собранието за да може да номинираат свој кандидат на претседателските избори.



Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, е најблизу до потребната бројка – до вчеравечер собрал 8.560 потписи.

Кандидатот на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, заклучно со вчера до 20 часот Димитриевски собрал 5.923 потписи или повеќе од половина.

За претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, која е трета по број на собрани потписи,се потпишале вкупно 4.478 лица.

За кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, до биле собрани 3.091 потпис

Изненадувачки малку потписи добил кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, односно вкупно 1.645.

Од другите кандидати, Мерсиха Смаиловиќ собрала 523 потписи, а кандидатот Вело Марковски 433 потписи.

Ниту еден потпис не собрал кандидатот Томе Николоски.