Претседателот на Алијанса на Албанците вели дека избор на претседател на државата во Собрание не е услов за формирање идна владина коалиција, туку предлог, идеја за која се бара да се дискутира.
„Идејата наша не беше да се условува. Јас не кажав двотретинско мнозинство кажав обично мнозинство со 61 глас. Но сериозно треба да размислиме за ова.
Претседателот на државата во Македонија нема некои ингеренции повеќе отколку во други држави слични како Македонија и во кои претседателот се избира во Парламентот. Зошто не би размислувале и зошто не би отвориле една дебата меѓу нас“ вели Таравари.
Тој е дециден дека во неговиот говор не спомнал дека ова е услов за формирање идна владина коалиција.
Во гостувањето на Дневникот на Сител, Таравари уште реча дека предлогот да се воведе позиција заменик претседател на државата, не ебил негова туку на Али Ахмети од ДУИ.






