Шефот на ЦИА ја уверува Украина дека нема да биде напуштена како Авганистан

Директорот на ЦИА тајно ја посетил Украина по десетти пат од почетокот на војната за да го смири украинското раководство за доцнењето во одобрувањето на американската помош и стравувањата дека земјата може да биде напуштена, како што се случи во Авганистан, пишува украинска UNN повикувајки се на напис во Њујорк Тајмс.



Се тврди дека шефот на ЦИА сакал да го увери украинското раководство околу проблемите со новото американско финансирање, како што пишува Њујорк Тајмс (NYT), повикувајќи се на свои извори.

Според „Њујорк тајмс“, некои украински разузнавачи ги прашуваат своите американски колеги дали ЦИА ќе ги напушти поради тешкотиите во одобрувањето на пакетот помош за Киев, пренесува UNN.

Официјален претставник на ЦИА коментирајќи ја посетата на Барнс рече дека патувањето е „силен сигнал“ дека посветеноста на САД кон Украина ќе продолжи.

Предлог-законот за обезбедување средства за Украина е предмет на дискусија во американскиот Конгрес од октомври 2023 година.

Во средината на февруари, Сенатот одобри двопартиска иницијатива за доделување повеќе од 95 милијарди долари за помош на Украина, Израел и Тајван.

Документот сега мора да биде одобрен од Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците.