ДУИ создава „фронт против Русија и нејзиното влијание во Р*М“, ги повикува „сите да се приклучат во фронтот“!

„ДУИ создава антируски фронт и ги повикува сите да се приклучат: од интересни групи до невладини организации.“изјави Крешник Бектеши од ДУИ, зборувајќи за претстојните претседателски избори. Тој го кажа ова синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, во која настапи покрај пратеникот на Алијансата за Албанците Халил Снопче.



ТВ 21 пишува: „Постои можност да има и други партии во фронтот против Русија. Но не е исклучена можноста да се приклучат и интересни групи и невладини организации, сите оние кои се заинтересирани за Европската Унија и кои се против Руската Федерација бидејќи директно и индиректно се чувствува нејзиното влијание во *Македонија и Западниот Балкан.“ – рече Бектеши.

Халил Снопче изјави дека „лидерот на ДУИ Али Ахмети е виновен, што дозволи руско влијание“.Тој посочи дека како што на големо се зборува за руското влијание во Македонија тогаш самиот Ахмети е виновен за тоа, затоа што тој го дозволил тоа, или не направил ништо против тоа, како одговор кон ставот на Бектеши дека ДУИ се залага за таканаречениот европски фронт.

На ова Бектеши возврати дека токму Халил Сонпче и Алијансата за Албанците сакаа да ја уриваат владата за време најголемата криза кога седнаа заедно со Димитар Апасиев. „Сите знаеме какви се ставовите на Димитар Апасиев, а вие седнавте со него на иста маса со намера да ја уривате Владата.“ – додаде Крешник Бектеши во емисијата „Клик Плус“.