Потписи за претседател: Османи 1/2, Димитриевски 1/3 Ванковска 1/4, Јакимовски 1/5…

Во првите два дена од почеток на процедурата според Државната изборна комисија (ДИК) вкупно 14 360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за Претседател на државата.



Од податоците на ДИК досега ниту еден од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи.

Најблиску до потребните 10 илјади потписи е Бујар Османи, кандидатот за Демократската унија за интеграција (ДУИ) со 5 405.

Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-за наша Македонија, Максим Димитриевски со 3 613 потписи. Кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има добиено 2 758 потписи.

Близу две илјади потписи е кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој досега има 1 974.

Според бројката досега кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари сеуште не започнал со сериозна операција на собирање потписи затоа што албанската опозиција има многу поголем капацитет од досега собраните 246 потписи.

Лекарот Вело Марковски, досега преку партијата Родина собрал 249 потписи.
<

Процедурата за собирање потписи, која почна во петокот ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.