ОИколу последните случувања во партијата која се подели во два табора – едниот кој го поддржува Таравари, а другиот поранешниот претседател на партијата Зијадин Села вели во интервју за Гласот на Америка.



„Ќе ја почитуваме секоја одлука која ќе ја донесе Судот оти сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство…вели актуелниот лидер на партијата.

„Другата страна има и малку проблеми за да собере потписи за да докаже дека има две третини. Ним им требаат две третини, а нам ни треба само една половина. Имаме повеќе од половина, повеќе од 50 отсто од делегатите, од членовите на Централното претседателство. Ним им требаат две третини – што е невозможно.

Тоа е фракција во Алијансата за Албанците којашто веќе неколку месеци е многу блиска до ДУИ, меѓутоа, сепак, и тоа е нивен легитимен став кој го почитувам“, вели Таравари.

Тој во интервјуто вели дека Алијанса за Албанците како партија нема имот, но со Зијадин Села се договориле партиските простории кои им се под наем да ги поделат.