„…искрено го очекував господинот Ахмети, за да биде поинтересен, да речам, политичкиот натпревар меѓу нас.



Меѓутоа, тие се одлучија за нивниот заменик претседател, потпретседателот “, вели претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во интервју за Гласот на Америка, за изборот на Бујар Османи да биде кандидат на ДУИ за шеф на државата на

„Јас реков дека ќе го почитувам секој кандидат. Мислам дека оваа кампања треба да биде европска кампања …Секако, почит за сите противкандидати кои што ќе бидеме во претседателската трка. На крај, народот треба да одлучи“ рече Таравари.

Околу барањето на партиите на етничките партии кои се единствени во барањето идниот шеф на државата да се избира во Собранието, Таравари вели:

„Видете, првиот претседател во Македонија, ако се сеќавате 90-тите години, 91-ва ако не се лажам, беше избран господинот Киро Глигоров и прв пат се избра од собранието. Јас мислам дека ингеренциите на претседателот на државата се колку и во повеќе околни држави. Ние често се разликуваме, ги споредуваме со Косово или Албанија, кои што имаат сличен систем како нашиот, парламентарен систем.

Мислам дека трошоци на државата не и требаат, може да се избира и преку собрание како што тоа го направивме за прв пат и наш став е (зашто) не сме претседателски систем, туку сме парламентарна демократија, мислам дека би рационализирале (со) договор меѓу политичките партии кои се застапени во парламентот“.