Тошковски: Грција е единствена членка на ЕУ што има проблем со пасошите со РМ

Грција е единствена земја членка на ЕУ која има проблем со македонските пасоши и старото име на државата, Република Македонија, вели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој денеска изворно го прочита документот што стигнал во МВР од Брисел на 19 ти февруари, гостувајќи во радио емисија на Канал 77. Тој порача дека граѓаните треба да ги знаат фактите и кој им ги создава маките со личните документи.



Земјите членки изразуваат разбирање за прашањата и волја за надминување на пробемот преку изнаоѓање на законско решение во најкус можен рок…DG Nome,тоа е главен директорат во ЕУ, повтори дека одржа состанок на Комитетот за патни документи било покажано разбирање и флексибилност во однос на техничката природа на прашањата. Со оглед на тоа дека само Грција извести дека не ги прифаќа пасошите со старото име на државата. Во принцип, тоа значи дека граѓаните на Македонија може да влегуваат и излегуваат во другите земји членки, но конечната одлука за прифаќање на старите пасоши е на самата земја членка и тоа може да го направи без навремено да ја информира ЕУ“, прочита министерот Тошковски.

Министерот за надворешни, Бујар Османи пред неколку дена изјави дека министерот за внатрешни работи погрешно го интерпретира ставот на Европската комисија за тоа дали во ЕУ ќе се признаваат пасошите со старото уставно име.

Инаку министерот Тошковски останува на ставот дека треба да се смени Законот за патни исправи продолжувајќи го рокот на важноста на документите до Нова Година.