Лидерот на СДСМ: Пендаровски е сериозен, но не и дефинитивен кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека актуелниот претседател Стево Пендаровски е сериозен кандидат, но дека во партијата се разговара но нема дефинитивен кандидат за претседател.



Партиските органи ќе го кажат последниот збор, вели Ковачевски.

Прашан дали СДСМ има и други кандидати кои сакаат да се сместат во Вила Водно – нема одговор.

„Во однос на другите кандидати, можам на сите да им посакам успех. Да посакам фер и демократска кампања“, кажа Ковачевски.

Партиските органи на СДСМ ќе заседаваат идните денови, најави Ковачевски.