Вистинска „битка“ ќе се води на престојните претседателски избори откако, за прв пат по 2009 година, се пријавени дури 9 аспиранти за фунбкцијата шеф на државата.



Претседателската кандидатура прв ја најави докторот Вело Марковски, кој ќе собира потписи како независен кандидат.

Професорката Билјана Ванковска, ќе биде поддржана од Левица,

ВМРО – ДПМНЕ, кои ќе ја поддржи Гордана Силјановска Давкова,

СДСМ повторно ќе го поддржат акутелниот претседател Стево Пендаровски.

ГРОМ го одбра лидерот Стевчо Јакимовски за претседателски кандидат,

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е претставник на ЗНАМ.

Доктор Арбен Таравари ќе ја трча претседателската трка и тоа со поддршката на албанската опозиција,

Вчера беше објавена одлуката на ДУИ, кандидат на интегративвците да биде актуелниот МНР Бујар Османи

Претставник и од Бошњачкиот демократски сојуз, чиј кандидат е Мерсиха Смаиловиќ.

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува денеска и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК).

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг од изборите е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.