Талат го предупредува Курти „да не интервенира во Р*М“ и „да не отвора врати, кои не треба да се отвораат“!

„Интервенирањето на Курти во * Македонија отвора врати, кои не треба да се отвораат. Тоа не е добро за Косово и за партијата, со која раководи Курти.“ изјави техничкиот премиер Талат Џафери во интервјуто за информативниот портал на албански јазик „Калѕо“ од Косово. Нагласки од искажувањата на Талат Џафери пренесе и информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Република Македонија.



„Ние сме за промени на подобро, но за ова одлучува народот. Ние сме носители на државни функции и треба да бидеме одговорни околу практикувањето на државната власт.  Меѓупартиската и институционалната комуникација треба да бидат одвоени.“ – напомна Џафери, кој е наречен во ова интервју како некаковси политички „премиер на * Македонија“, а не како тоа и што е – само вршител на должноста обичен технички премиер и само во рок од 100 дена.  

Џафери ја демантираше со веста, која кружеше во медиумите, дека имало обид за атентат врз Курти додека престојуваше во Скопје на 10 февруари годинава. „Тоа нема врска со реалноста, според потврдените информации, кои ги имам.“ рече Џафери.

Запрашан за тоа што не се сретнал со Курти на безбедносната конференција во Минхен, Џафери рече дека не се ни видел физички со него. „Кој побарал средба со мене, јас сум ги овозможил и тие средби се јавни. Курти не го видов ниту физички во коридорот, каде што престојувавме во Минхен.“ кажа Џафери, додавајќи дека Албин Курти и претседателката на Косово Вјоса Османи му честитале за новата функција.само преку општествените мрежи, но не и институционално.

Во врска со прашањето на безбедноста на Косово и за средбите со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг Џафери посочи дека разговарал за тоа со него и оти побарал да има зголемена внимателност од институциите на Косово и од КФОР.