„Големата вест би била Али Ахмети да си ги конфискува милијардите од самиот себе, од неговото семејство и од неговите функционери. Со овие пари би формирал хуманитарно друштво, за да им помогне на поранешните војници на УЧК и на оние, на кои им е потребна помош. Оваа ‘голема вест“ на Али Ахмети има за цел да им ја потцени интелигенцијата на гласачите!“ – му реагира остро Џезаир Шаќири, самонаречениот „Командант Хоџа“ од оружениот судир во 2001 година на поранешниот „врховен командант на УЧК“ и сега лидер на ДУИ Али Ахмети во врска со веста, која тој ја соопшти за претседателската кандидатура на Бујар Османи. Јавната реакција на Џезаир Шаќири кон „аберџијата“ Али Ахмети ја пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.





