Необичен момент. Али Ахмети денеска,чинам за првпат по долги години на сцената призна дека ДУИ може да оди во опозиција по изборите на 8 мај. Условувајќи, или подобро кажано уценувајќи ги можните коалициони партнери со Бугари во уставот и со избор на претседател на државата во Собранието, тој онака, божем случајно „даде завет дека ДУИ нема да биде дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и оти партијата ќе оди во опозиција за, како што рече, да се бори и да ги победи егзистенцијалните закани кон земјава“.
Значи, наместо вообичаените закани за излегување во планина и пораки дека државата може да опстане само доколку ДУИ е во власта, одеднаш неприкосновениот лидер на партијата вели, парафразирам, па добро ќе одиме во опозиција, ама и оттаму ќе се бориме со Русија или не знам со кого. Вери сигнификант, дами и господа.
Дали тоа добил порака од Вашингтон дека 20 години се доволни за секого па и за ДУИ да дреме на власт, или самиот дошол до заклучок дека тоа е тоа, дека заедно со СДСМ го отсвиреле своето, не е сосема јасно. Но признанието си стои и треба да биде забележано и потрцртано со црвено.
А за потврда дека „друштвото“ апсолутно е свесно колку е часот се погрижија Ковачевски и Спасовски барајќи (и добивајќи) апанажа за 12 месеци, иако избрите се за само два. Кој бара апанажа за цела година доколку планира пак да се врати на премиерска и министерска поизиција каде каде порано од тој временски интервал? Па само тој што знае дека НЕМА никогаш да се врати. Шепнете им го тоа на чучулигите во пропагандниот кафез на власта, нема смисла последни да дознаат дека приказната заврши.
Фејсбук статус на новинарот и водител Драган Милосављевиќ



