„Кој дозволува да се перат валкани руски пари преку брзи кредити во * Македонија, како министер за финансии-кадар на ДУИ? Кој дозволува и охрабрува отворање казина со српско-руски капитал во Македонија, следејќи го директорот на Македонска лотарија-кадар на ДУИ?“ – овие прашања му ги упати Изет Меџити, лидерот на опозициската партија Демократско движење, на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, откако тој ја објави денес својата толку најавувана „спектакуларна“ „голема вест“.„Големата вест“ на Ахмети било тоа дека Бујар Османи ќе биде кандидат на ДУИ за „прв албански претседател на државата“, но била и „борбата која се води против Русија“. Ахмети ова го кажа со следниве зборови: „Бујар се докажа на локалната и меѓународната сцена и помогна во битката против Русија“. Меѓутоа, Меџити му се спротивстави на Ахмети за „начинот“ како тој и неговата ДУИ ја водат „борбата против Русија“, директно ставајќи му до знаење дека „влијанието на Русија ќе биде отстрането тогаш кога ќе биде отстранет и елементот со носталгија за Русија, кој е особено во албанскиот политички кампус“, односно кога ќе биде отстранета од власта ДУИ како елемент, кој чувствува носталгија кон Русија!
Во своето иронизирање со „големата вест“, Изет Меџити му се обрати јавно на Али Ахмети: Ја слушнавме големата вест дека влегла Русија во Македонија, Но, кој ѝ ја отвори вратата? Ахмети, ти поставуваме некои прашања: Кој дозволува да се перат валкани руски пари преку брзи кредити во * Македонија, како министер за финансии-кадар на ДУИ? Кој дозволува и охрабрува отворање казина со српско-руски капитал во Македонија, следејќи го директорот на Македонска лотарија-кадар на ДУИ? Кој дозволува влез на руски гас и нафта, следејќи ги економските ресори, во кои се кадрите на ДУИ? Кој дозволува функционирање на руската банка во Македонија, следејќи ги Собранието и институциите, раководени од ДУИ?
Кој дозволува и охрабрува руски инвестиции во секоја сфера во Македонија, следејќи ги сите економски ресори, во кои се кадрите на ДУИ? Кој дозволи сомнителни за-руски медиуми да се финансираат од руски фондови, следејќи ги структурите на ДУИ во секоја разузнавачка агенција? Кој го покани министерот за надворешни работи Лавров во Скопје кога ниту една западна земја не го прифаќа, следејќи го министерот за надворешни работи-кадар на ДУИ?
Ахмети, не е ли малку доцна за вакви констатирања, кога имавте во раце многу механизми да ја спречите „поларната мечка“ да навлезе толку длабоко? Ахмети, влијанието на Русија ќе биде отстрането тогаш кога ќе биде отстранет и елементот со носталгија за Русија, кој е особено во албанскиот политички кампус.





