ОИЛКО ќе ја презема “Макпетрол”?!

ОИЛКО КДА Скопје на Македонската берза за хартии од вредност достави известување за намерата да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Макпетрол АД Скопје.



Компанијата извести дека е добиено Решение за издавање дозвола за понуда за преземање од Комисија за хартии од вредност на Македонија и дека постапката за преземање на друштвото продолжува согласно законските прописи и рокови.

Истовремено и Макпетрол на Берзата објави дека Управниот одбор на компанијата на ден 21.2.2024 година, добил Понуда и Проспект за преземање од ОИЛКО КДА – Скопје, за сите обични акции со право на глас, издадени од Макпетрол А.Д. – Скопје, со обврска да ги откупи по цена од 67.001 денари за една акција.

Макперол на крајот на април минатата гоодина, кога беше свикано Годишното Собрание на акционери на Друштвото, имаше издадено вкупно 112.382 обични акции, од кои 11.238 сопствени акции, а 28.500 се на поврзани лица со ОИЛКО со што се добива износ од 72.644 акции. Понудата за преземање ќе се смета за успешна ако добијат солгасност за купување на 50%.

Целиот текст прочитајте го тука.