Експремиерот Ковачевски вчера имаше чудна јавна епизода за време на предизборен партиски митинг на СДСМ.
Во еден момент на екстаза од непозната причина Димитар Ковачевски почна да вика на цел глас „Победа, победа, победа…”, и да тропа со раката на говорницата пред него.
Говорот на телото и начинот на кој лупаше на говорницата претходно не е забележан во историјата на македонската политика што укажува дека Ковачевски или има оригинална медиумска агенда пред изборите или е под сериозен психички притосок кој го тера да прави неприродни работи како врискање и лупање по говорница.
Вакво однесување на речиси три месеци пред избори ја поставува дилемата што се ќе прави Ковачевски во кампањата која официјално ќе почне на крајот на Април.
Во политичката психологија лупање на маса може да значи потенцијал за агресија која може да биде предизвикана од страв или неможност да се контролираат емоциите.
Видеото со чудното однесување на Ковачевски го објави Богдан Илиевски или Бетмен Велит
Удри Мујо у тепсију :))) pic.twitter.com/0TRq9nUWCp
— Боби (@BatmanSaysT) February 21, 2024






