Експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе добиваат апанажа по 2.500 евра месечно, одлучила Комисијата за избори и именување во Собранието откако тие понеле соодветни барања, дознава „Скопје.инфо“.



Пратениците од СДСМ биле единствено присутни на седницата на Комисијата и со седум гласа, без никаква дискусија биле усвоени решенијата.

„Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски на кого функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата“, кажа претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и го стави предлогот на гласање.

Сите седум пратеници кренале раце и имаше седум гласа „за“.

„Поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукција“, кажа претседателката, а и овој предлог бил изгласан со седум гласови „за“.

Освен тие двајца, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.