Централниот одбор на партијата „ГРОМ“ вчлера го предложи актуелниот лидер и градоначалник на Карпош за кандидат за претседател на државата.
Јакимовски рече неговото долгогодишно искуство и јасните политички ставови кои ги изразувал во изминатиот период се причина Централниот одбор на ГРОМ да реши тој да биде претседателски кандидат на претстојните избори.
Потенцираше дека неговата кандидатура не е алтернатива на досегашните кандидати, туку решение бидејќи, како што рече, треба да го напуштиме периодот во којшто постојано ја бираме едната или другата страна.






