Кои се најголемите противници на името на Македонија?

Десничари беа најголемиот дел од присутните на митингот во Атина против прифаќањето на името на Македонија во било каква форма, што се одржа во неделата во Атина.



Врз основа на спроведена анкета и со споредба на податоците со митингот од 2011 кога „Огорчените граѓани“, протестираа  против мерките за штедење на почетокот на длабока финансиска криза, весникот „То Вима“ направи „профил“ на демонстрантите на митингот во неделата во Атина.

Поголемиот дел од учесниците 83 отсто, биле жители на Атина и на околината, само пет проценти допатувале од Централна Македонија, 4 проценти во централна Грција, а остатокот биле од другите региони на Грција.

Меѓу учесниците во неделата, 77 отсто биле мажи и 23 отсто жени, а споредено со протестот 2011 година овој сооднос бил  55,5 –  44,5 во корист на мажите.

Најголемата група, 72 проценти, од присутни биле на возраст постари од 45 години,  додека само 14 отсто биле помеѓу 35 и 44 години.

Кога пред речиси седум години протестираа „Огорчените граѓани”, само 39 проценти биле постари од 45 години, додека другите биле на возраст од 16-44 години.

Според политичка определба, повеќето од 54 проценти од учесниците во неделата биле десничарите (на митингот на „Огорчените“ биле само 13 отсто), 21 проценти биле центристи  и, 15 отсто  левичари  споедено со митингот 2011 кога  биле речиси половина од „Огорчените или 45 отсто.

Учесниците во неделата сметаа дека протестот е мирен  – 65 проценти, а дека тоа било мобилизација за соборување на системот сметаат 29 отсто од присутните.

Запрашани во кои институции имаат најмногу доверба, 64 проценти од демонстрантите одговориле дека тоа е војската а  во неделата посочи 64 проценти од демонстрантите кои одговориле додека во Црквата имаат доверба 55 проценти.

Парламентот и политичките партии се на довербата на учесниците анкетираните неделно демонстрација многу ниска, бидејќи на нивните екстремно преовладува негативен резултат:

Дури 85 отсто имале негативна оценка за парламентот, а дури 93 отсто од анкетираните учесници на митингот во неделата дадоа негативна оценка на политичките партии.

На митингот во Атина пиушва „То Вима“ се собраа околу 100.000 учесници, што е далеку од најавуваниот милион, а веројатно и две третини помалку од митингот за одбрана на Македонија ншто се одржа на 21 јануари во Солун.