Амир Елези од Европското движење за промени ја оспорува евентуалната кандидатура на Бујар Османи за претседал на Македонија бидејќи ги заборави албанските интереси во регионот откако во јавноста се проширија шпекулации дека за Али Ахмети актуелниот министер бил „најртепрезентативен“ кандидат на ДУИ за шеф на државата.



„Тој кандидат не ги застапува Албанците во с. Македонија. Промовиран како прв албански министер за надворешни работи кај нас, го завршува својот мандат без ниту една посета во Република Косово.

Претседавањето со ОБСЕ од Бујар Османи не му донесе никаква корист на Косово, тоа е евидентно…организацијата на Самитот на ОБСЕ во Скопје, ја обелодени неговата коруптивна тенденција, што тој и самиот призна и се извини.

Овие и други податоци, што ќе ги објавиме наредните денови се доволно докази да се разбере дека секој од ДУИ може да биде прифатлив како Албанец, но Бујар Османи не може да биде кандидат на Албанците во с. Македонија“, рече Елези.