Сателит кој бил лансиран пред речиси 30 години, и кој излезе надвор надвор од контрола,  денеска ќе падне на Земјата.



Според научниците, невозможно е точно да се предвиди кога и каде ќе паднес ателитот под име ERS-2 , бидејќи повторното влегување во атмосферата е природно и неконтролирано од луѓето.

Европската вселенска агенција (ESA) соопшти дека ERS-2 треба да се распадне на парчиња, а повеќето од тие парчиња треба да изгорат за време на минување низ атмосферата.

ЕСА ја објави својата најнова прогноза во понеделникот, предвидувајќи дека сателитот повторно ќе влезе во атмосферата во среда во 11:14 часот по ET, или 15:19 часот по Гринич, што е 16:19 часот по наше време, со можно отстапување од 19 часот поради непредвидливата сончева активност.