По 75 години во Скопје отворено бугарско училиште

По пауза од 75 години во Скопје е отворено бугарско училиште, објави Агенцијата за Бугарите во дијаспората (ДАБЧ) од каде информираат дека отварањето се случило на 25 јануари оваа година.



Раководител на училиштето кое ќе работи во саботите и неделите е Илијана Атанасова а наставата ќе се одржува во училиштето Димитар Миладинов во Скопје.

Според Атанасова причина за отворањето на училиштето се десетици бугарски семејства од цела Македонија. На нивно барање Министерството за надворешни работи на Бугарија одобрило “Курсеви за обука по бугарски јазик” за деца од 6 до 17 годишна возраст.

Засега училиштето го посетуваат 36 деца а организацијата е на фирмата за интелектуални услуги и превод “Здравеј” која ќе организира и подготовка за студенти кои сакаат да се образуваат во Бугарија.

Бугарските лингвистички експерти имаат дилема дали се работи за прво бугарско училиште во Македонија или за јазични курсеви но велат дека ова е доказ дека односите меѓу двете земји напредуваат.