За време на двегодишните борби со Русија, Украина загуби речиси една третина од својата економија, околу 20 проценти од нејзината територија и 10 милиони граѓани кои ја напуштија земјата, соопшти премиерот Денис Шмихал, кој е во посета на Јапонија.



„Изгубивме 30 отсто од нашата економија, околу 20 отсто од нашите територии и 3,5 милиони работни места… 10 милиони луѓе… нема да се вратат во Украина од Европската унија и од целиот свет поради безбедносни проблеми“, рече Шмихал во интервју за јапонскиот ТВ канал NHK.

„Ги имаме сите можни видови системи за противвоздушна одбрана од нашите партнери… но, за жал, производството на муниција ширум светот, вклучително и ЕУ, не е толку големо за да ѝ ја испорача потребната количина на Украина“, додаде претседателот на Владата во Киев.

Една година пред почетокот на војната, во Украина живееја 43,79 милиони жители, според Светска банка.