Пратеникот и лидер на Народното движење, Скендер Реџепи-Зејд, не се согласува со првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дека кандидатот на албанскиот опозициски блок може да го искористи слабиот СДСМ и поделеноста во македонскиот електорат за да влезе во вториот круг на претстојните претседателски избори.
„Се знае дека претседателската кампања за албанските политички партии е само парламентарна кампања и ништо повеќе. Нема теоретска можност албанскиот кандидат да помине во вториот круг. Политичките околности во Северна Македонија се такви што е невозможно кандидат Албанец да оди во вториот круг. Невозможно е ако нема волја и од македонска страна. Повторно ќе бараме уставни измени за да се избере претседател на државата во Собрание. Во моментот кога ќе го избере Собранието, тогаш ќе има договор за претседател Албанец затоа што за овие 30 години Албанците докажаа дека имаат висок капацитет да управуваат со секоја институција во оваа држава. Останува последната функција – претседателската, но и та ќе дојде, порано или подоцна ќе ја преземат Албанците“, изјави за телевизијата Алсат-МК пратеникот до пред две години на Алтернатива на Африм Гаши.






