„Ние сме од Скопје” веќе не е на МКЦ по налог на Шаќири

„Ние сме од Скопје“ веќе не е на МКЦ и тоа по налог на новиот директор Бени Шаќири. Натписот во неделата вечерта бил отстранет. Вработени во МКЦ, кои сакале да останат анонимни, за Телма ТВ велат дека гестот на директорот ги изненадил и дека не ја знаат причината зошто наредил да се тргне натписот. Шаќири најавил
писмено соопштение со детален опис на причините за тргањето на натписот, но од телевизијата не го добиле.
„Како што имаме мурал од ликовната група „Зеро“ , кој е обележје на едно време, така имавме натпис кој што креативно ги обедини граѓаните на Скопје околу МКЦ, во најтешките времиња”-велат од таму. Натписот инаку беше поставен во 2018 година и досега успешно им одолеваше на атмосферските влијаниja. Па, нејасно е зошто е тргнат. Вработените велат и дека иако помина скоро еден месец откако Шаќири дојде за директор, тие до сега не се сретнале со него.