Home Видео Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е два спрема еден, вели Мицкоски

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е два спрема еден, вели Мицкоски

Манипулација е тврдењето дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, а нема да направи влада,изјави лидерот Христијан Мицкоски во утринско гостување на Канал 5 телевизија.



Според последната анкета што ја направила партијата, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 до 24 проценти, наспроти СДСМ со 8 до 9 проценти, рече лидерот на опозициската партија.

„Бројките на анкетите се такви какви што се, а и јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за парламентарни избори. Огромна е разликата и таа е повеќе од 2:1, но ќе биде и уште поголема, односно 2,5 спрема 1.

„Според февруарските анкети, очигледно е дека огромно мнозинство, практично три четвртини од луѓето се незадоволни од квалитетот на животот, сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека треба да има промени.

Едноцифрен е бројот на граѓаните кои се задоволни“, рече Мицкоски.

Околу претседателскиот кандидат од оваа партија Мицкоски рече дека очекува денеска или утре да се пријават кандидатите, а на прашањето дали може да се очекува жена кандидат за иден шеф на државата, тој одговори дека за тоа постои потенцијал.