Индикативна симболика нуди објавата на Твитер од експремиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, за отворањето изборен штаб во скопската општина Кисела Вода, во која неговата партија на последните, локални избори претрпе тежок пораз.
Дотогашниот социјалдемократски градоначалник Филип Темелковски доби двојно помалку гласови од Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој победи уште во првиот круг, а неговата партија сама освои мнозинство во Советот, со пет советника повеќе од СДСМ (12:7 од вкупно 23).






